
Пари Сен Жермен и оваа сезона не успеа да ја освои Лигата на шампионите, отпадна во полуфиналето од Манчестер Сити, но тоа нема да го поколеба раководството на клубот да вложи уште повеќе во засилувања. Насер Ал – Келаифи го сака најдобриот светски фудбалер и испрати понуда за Лионел Меси, тврди „Ле Паризиен“.
Финансиски понудата е фантастична, иако не се открива точната вредност, но напоменато е дека Меси ќе игра во трио со Нејмар и со Мбапе. Наводно, клубот гарантира дека двајцата ќе останат на „Паркот на принцовите“ најмалку уште една сезона.
Договорот на Лионел Меси со Барселона истекува на крајот од сезоната, а тој начелно дал согласност за останување, но бара гаранции дека ќе бидат доведени засилувања со кои тимот ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal