Лајпциг е првиот полуфиналист во Лигата на Европа. Кристофер Нкунку беше човек на одлука на реванш мечот од четврт-финалето во Лигата на Европа меѓу Аталанта и Лајпциг. Со неговите два гола, германскиот бундеслигаш Лајпциг славеше на гости во Бергано со 0-2 и се пласира меѓу четирите најдобри екипи во ова европско натпреварување.
Нкунку го отвори резултатот во 18.минута, а во финишот постигна и уште еден погодок за потврда на триумфот.
Во Конференциската лига на УЕФА, Лестер е првиот полуфиналист откако славеше со 1-2 на гости против ПСВ Ајндховен. Првиот меч од овој двомеч заврши без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













