Порто и Манчестер Јунајтед одиграа возбудлив меч на „Драгао“ кој заврши 3-3. Англискиот тим поцеде со 0-2, со головите на Маркус Рашфорд и на Расмус Хојлунд, но Порто израмни до крајот на полувремето, преку Пепе и Омородион.
Во вториот дел Омородион се погрижи и за целосен пресврт, а Бруно Фернандеш во 81.минута доби втор жолт картон и беше исклучен. Сепак, Хари Мегваер го спаси Манчестер Јунајтед од пораз со голот во 91.минута.
Елфсборг ја победи Рома со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Михаел Баиду од пенал во 44.минута од мечот.
ФЦСБ го победи ПАОК во Солун со 0-1, со голот на Бирлигеа во 45.минута.
Лион го сеовлада убедливо Ренџерс на гости со 1-4, по два гола постигнаа Лаказет и Фофана. Твенте и Фенербахче ремизираа 1-1. Бешикташ загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 1-3, а Атлетик Билбао го победи АЗ Алкмар со 2-0.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski