Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен стигна и до шестата победа во групната фаза од Лига Европа и со максимален ефект го заокружи овој сегмент. Тимот на Чаби Алонсо славеше против Молде со 5-1. Патрик Шик, Тапсоба, Хлозек и Мбамба беа стрелци на головите за домаќинот, а Елингсен си постигна и автогол.
Ливерпул го освои првото место со 12 бода, но го доживеа и вториот пораз во групата, на гости против Ројал Унион Сен Жилоа со 2-1. Амура и Пуертас погодија за домашниот тим, а Кансах беше стрелец за Ливерпул.
Рома со 3-0 го победи Шериф Тираспол и го освои второто место во групата Г. Стрелци на головите беа Лукаку, Белоти и Фисили. Првата позиција и припадна на Славија Прага која со 4-0 го декласира Сервет и на крајот заврши со 15 бода.
Карабах го победи Хекн со 2-1, а Макаби Хаифа со 1-2 славеше против Панатинаикос.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski