Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со Интер до 2029 година. Годишната плата на Aргентинецот ќе биде 9 милиони евра, плус бонуси. Претседателот на „нероаѕурите“ Бепе Марота ја потврди веста.
„Сè е готово. Ќе го објавиме новиот договор официјално, откако Лаутаро ќе се врати од одмор. Гудмундсон? Тој не е опција за нас. Во моментов имаме напад полн со квалитет, вредности и бројки“, изјави Марота.
Лаутаро Мартинез игра за Интер од сезоната 2018/19. Во последното италијанско првенство тој стана најдобар стрелец, постигнувајќи 24 гола.
Неодамна ја освои и „Златната копачка“ на Копа Америка, иако почесто влегуваше од клупата отколку што беше стартер во селекцијата на Аргентина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













