Аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез призна дека тој и соиграчите се максимално разочарани од лошиот старт на Светското првенство и изненадувачкиот пораз од Саудиска Арабија (1-2). Сега „гаучосите“ мора да ги победат следните два натпревари против Мексико и против Полска.
„Јасно е дека го загубивме натпреварот поради нашите грешки. Тоа е Светското првенство, секоја грешка се казнува. Треба да се одмориме и да размислиме што ни претстои. Денеска игравме против тежок противник. Поразот боли многу. Сакавме да го започнеме ова Светско првенство со победа. Мора да се корегираме, да се одмориме, да тренираме и да размислуваме за следните два натпревари“, изјави Лаутаро Мартинез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













