Connect with us

Лаутаро Мартинез на прагот да урне рекорд стар 73 години

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез (26) оваа година игра во фантастична форма. Аргентинецот се доближи до историскиот рекорд на Интер.


Лаутаро оваа календарска година постигна 27 гола во Серија А, четири повеќе од Виктор Осимен, минатосезонскиот „Капоканониере“.

Само тројца играчи на „нероаѕурите“ имаат постигнато повеќе првенствени голови во една календарска година од него.

Кристијан Вијери и Диего Милито имаат по 28, а Лаутаро би се израмнил со следниот гол, со постигнувањата на Виери од 2001 година и на Милито од 2012 година.

На самиот врв на листата на најдобри првенствени стрелци на Интер во рамките на една календарска година е Унгарецот Иштван Нирс. Во далечната 1951 година, тој постигна 32 гола во една календарска година.

Никој одамна не се доближил до неговиот рекорд, а на Лаутаро Мартинез му преостануваат уште пет натпревари во 2023 година за да постигне шест гола и да се запише во клупската историја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови