Аргентина се врати на победничкиот пат во светските квалификации во зоната на Јужна Америка. „Гаучосите“ остварија неочекувано тешка победа од 1-0 против последнопласираната селекција на табелата, Перу. Херој на домаќините во Буенос Аирес беше Лаутаро Мартинез, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 55. минута.
Аргентина ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, но тешко создаваше чисти шанси за гол. Сепак, домаќините можеа да поведат во 22. минута, кога Хулијан Алварез се најде во добра позиција во шеснаесетникот, но неговиот удар заврши во дирекот.
По ова, шанса имаше и Алексис Макалистер во 38. минута, но неговиот удар помина на сантиметри покрај целта.
Подобрата игра на домаќините сепак им донесе гол. Во 55. минута, Лионел Меси успеа да привлече неколку противнички играчи во шеснаесетникот и центрираше кон непокриениот Лаутаро Мартинез, кој со одличен волеј-удар ја испрати топката во мрежата за 1-0.
Напаѓачот на Интер можеше да го зголеми водството во 61. минута, но од добра позиција шутираше над пречката.
Бразил и Уругвај одиграа 1-1. Феде Валверде во 55.минута го доведе Уругвај во водство, но седум минути подоцна израмни Жерсон.
Еквадор ја победи Колумбија на гости со 0-1, додека Чиле славеше против Венецуела со 4-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













