Лаутаро Мартинез и Хакан Чалханоглу имале меѓусебен разговар по телефон по неодамнешниот конфликт. Лично тренерот на Интер, Кристијан Киву, се вклучил како посредник во обидот да ги смири страстите, но според информациите на „Газета дело Спорт“, сè уште е рано да се зборува за вистинско помирување.
Првично, двајцата фудбалери комуницирале преку гласовни пораки на социјалните мрежи, а потоа одржале директен разговор во кој секој ја објаснил својата страна на случувањата.
Сепак, лица блиски до клубот веруваат дека овој скандал го доближува Чалханоглу до трансфер во Галатасарај.
Во следните денови се очекува Интер да стапи во контакт со агентот на турскиот играч за можен трансфер во турскиот гигант. „Нероаѕурите“ веќе се подготвени да ја намалат својата првична цена и да го пуштат играчот за сума од 30 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













