Connect with us

Лацио ја „докусури“ Аталанта (ВИДЕО)

Аталанта ја пропушти шансата да остане во трката за највисоките позиции во Серија А, откако на домашен терен загуби од Лацио со 0-1 во рамките на 31. коло. Тимот од Бергамо немаше одговор на цврстата и организирана игра на гостите од Рим, кои со оваа победа направија важен чекор напред на табелата.

Клучниот момент се случи во 54. минута, кога Данецот Густав Исаксен го матираше голманот на домаќините и донесе водство за Лацио. Римјаните продолжија со притисок и имаа уште неколку добри прилики преку Диа и Пелегрини, но резултатот остана непроменет.

Избраниците на Џанпјеро Гасперини се обидуваа да одговорат, но нападите на Аталанта беа безуспешни против дисциплинираната одбрана на Лацио. И покрај напорите во завршницата, домаќините не најдоа начин да дојдат до израмнување.

Со овој пораз, Аталанта останува на 58 бодови – шест зад Наполи, а цели десет зад водечкиот Интер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови