
Лионел Меси е симбол на Барселона, иако минатото лето го напушти „Камп Ноу“ и се пресели во Пари Сен Жермен.
Парижаните се надеваа дека со Меси ќе дојдат и до титулата европски првак, но ништо од тоа. Меси не беше на неговото ниво од Каталонија, дури може да се каже дека и не е прва ѕвезда на тимот на Кристоф Галтие во моментов. Таа улога ја презеде локалното момче, Килијан Мбапе, кој реши да остане во Париз и покрај тоа што веќе беше виден во Реал Мадрид.
Меси беше во Барса од 13-годишна возраст, помина повеќе од две децении во клубот и освои се што може да се освои и тоа повеќе од еднаш, но збогувањето на Аргентинецот не помина во најдобро светло.
Актуелниот претседател на Барса, Хоан Лапорта, се надева на одлично враќање на Меси и среќен крај на една од најубавите приказни во историјата на фудбалот.
„Мислам и се надевам дека приказната на Меси со Барселона не е завршена, таа се уште е отворена. Наша должност е тој да има многу поубав крај отколку што имаше. Мислам дека му го должам тоа“, изјави Лапорта за „ESPN“.
Договорот на Лео Меси со ПСЖ истекува следното лето, а навивачите на Барселона би биле воодушевени, благо кажано, доколку се врати нивниот омилен фудбалер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
