Connect with us

Лапорта потврди: ПСЖ понудил 250 милиони евра за Ламин Јамал

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ги потврди гласините дека клубот пред извесно време одбил понуда од 250 милиони евра за Ламин Јамал од Пари Сен Жермен.

„Да, тоа беше пред шест месеци,“ изјави претседателот на клубот во интервју за „Barca One“.

Некои медиуми уште во јули пишуваа за такво нешто, а пред еден месец агентот на Дани Олмо сподели дека и тој има такви информации.


Во март „Марка“ откри дека ПСЖ понудил 200 милиони евра, што очигледно претходело на понудата од 250 милиони евра во подоцнежен стадиум. Така пропаднала можноста да се подобри рекордот за најскап трансфер во историјата на фудбалот, кој сè уште го држи ПСЖ со трансферот на Нејмар од 222 милиони евра, исто така од Барселона.

Инаку, Лапорта го критикуваше селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, поради одлуката да се потпре на Јамал во неодамнешниот натпревар против Данска од Лигата на нациите. Во тој натпревар, талентот претрпе неколку силни удари, поради што не можеше да игра против Србија. На крајот се покажа дека тинејџерот страда од преоптоварување, но во Барса се незадоволни, бидејќи влегуваат во серија натпревари против Севилја, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

„Беше неразумно Ламин да биде пуштен да игра. Мораме да го заштитиме нашиот интерес, а во националниот тим разбираат што мислиме. На крајот беше правилно решено тој да го пропушти следниот натпревар против Србија,“ објасни Лапорта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови