Претседателите на Реал Мадрид, Барселона и на Јувентус, Флорентино Перез, Хоан Лапорта и Андреа Ањели, се сретнаа во Лас Вегас да разговараат за „оживување“ на проектот за Европската Суперлига, пренесе каталонски „Спорт“. Според изворот, една од темите на разговорот била какви промени треба да се направат во проектот за заживување на турнирот.
Како што е познато, на 19 април 2021 година, 12 клубови го објавија создавањето на Суперлигата. Сепак, по протестот на навивачите и заканата со санкции од страна на УЕФА, проектот беше прекинат.
Единствено Реал Мадрид, Барселона и Јувентус останаа упорни на ставот дека формирањето на Суперлигата е за доброто на европскиот клупски фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













