Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ги потврди гласините дека Каталонците одбиле понуда од 200 милиони евра за еден од нивните најперспективни млади играчи, Ламин Јамал. Тој не сакаше да открие од каде е понудата, шпекулациите се дека дошла од ПСЖ.
„Добивме понуда за Ламин Јамал од 200 милиони евра и рековме „не“. Веруваме во момчето во неговата спортска проекција и овие пари не ни требаат, напротив. Во процес сме на економско закрепнување и крајот на тунелот е веќе видлив“, изјави Лапорта на својот подкаст.
Јамал стана стандарден дел од првиот тим на Барса оваа сезона, со шест гола и седум асистенции досега во 39 натпревари во сите натпреварувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













