Connect with us

Лапорта: Новата Лига на шампиони е големо разочарување

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се изјасни против новиот формат на Лигата на шампионите. Тој најмногу не го одобрува поголемиот број натпревари во турнирот.

„Мислев дека ќе добиеме повеќе пари, но се покажа дека добивме повеќе натпревари. Да се освои Лигата на шампионите е престижно, но очекував сè да биде поинаку. Недостатокот на разменето гостување многу ја менува ситуацијата“, изјави Лапорта.

„Суперлигата? Таа е поважна од кога било и сè за неа е подготвено. Само треба да се постигне договор со фудбалските организации. Барселона ќе се обиде да одигра улога на мост меѓу Суперлигата и федерациите“, потенцираше шефот на каталонскиот клуб.

Лапорта исто така се изјасни против Лигата на нациите.

„Јас сум против ова натпреварување. УЕФА го организираше на задната врата. Таму не се почитуваат правата на фудбалерите, а клубовите плаќаат. Работите треба да се регулираат така што ќе бидат во интерес на играчите и на клубовите“, изјави Жоан Лапорта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови