Роналд Куман останува на кормилото на Барелона, без разлика на исходот од дербито со Атетико Мадрид. И покрај тоа што шпанските медиуми пишуваа претходните денови дека Роналд Куман ќе добие отказ во Барселона, претседателот Хоан Лапорта вели дека работното место на Куман е безбедно.
Во пресрет на вечерашниот натпревар против Атлетико Мадрид, претседателот на клубот упати смирувачки тонови.
„Куман останува тренер на Барселона. Тој заслужува доверба затоа што е пред се клупска легенда. Го ценам што се согласи да биде со нас во овие тешки времиња. Продолжува да работи без разлика на вечерашниот резултат. Го сака клубот и треба да биде со нас“, изјави првиот човек на Барселона.
Холандскиот тренер ја презеде Барселона во август минатата година. Фановите се разочарани од резултатите на тимот и бараат смена на тренерот. Сепак, Барселона се наоѓа во многу специфична ситуација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













