Connect with us

Лапорта „капариса“ тренер од Серија А како замена за Чави

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, се насочува кон тренерот на Болоња, Тијаго Мота, како можен наследник на Чави Хернандез претстојното лето, открива „Кадена Сер“.


Елиминацијата на тимот од Копа дел Реј (2-4 против Атлетик Билбао по продолженија) како и тешкиот пораз од Реал Мадрид во финалето на Суперкупот (1-4) фрлија сомнеж во иднината на Чави, кој веќе напомена дека ќе ја напушти функцијата ако не освои ниту еден трофеј оваа сезона.


Се чини дека тоа е сé потешко во Ла Лига, со оглед дека Барселона има осум бода зад лидерот Џирона, и речиси невозможно во Лигата на шампионите поради жестоката конкуренција.


Чави Хернандез има договор со Каталонците до летото 2025 година, но многу е веројатно да не го исполни до крај.


Тијаго Мота, поранешен играч на Интер и на Пари Сен Жермен, има одлична сезона со Болоња, која е седмопласирана во Серија А, само два бода од четвртото место, давајќи им надеж за учество и во Лигата на шампионите. Тој има договор со италијанскиот клуб до крајот на сезоната и веќе го следат многу големи тимови.


Ако Чави поднесе оставка пред крајот на сезоната, тоа би можело да доведе до конечна опција неговата функција да ја добие Мексиканецот Рафаел Маркез, кој моментно го предводи вториот тим на Каталонците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови