Првиот човек на Барселона, Хоан Лапорта, откри дека постоел само еден начин клубот да го задржи Лионел Меси на „Камп Ноу“. Клубот требало да се сложи да го прифати договорот на Ла Лига со американската инвестициска куќа, но тоа би значело и иден крах на каталонскиот гигант. Условот бил и Барселона да се откаже од Европската Суперлига.
„Единствениот начин за останување на Меси беше договорот на кој Ла Лига се согласи, но ние не сакавме. Ако се согласевме на тоа, клубот ќе беше ставен под хипотека 50 години“, изјави Лапорта, алудирајќи на договорот со американската инвестициска куќа, кој би покриел дел од трошоците на Барселона, а за возврат каталонците требало да се откажат од идејата за Европската Суперлига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













