Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, ја освои престижната награда „Златно момче“ (Golden Boy) за 2024 година, која се доделува на најдобриот млад играч во Европа под 21 година. Наградата е во организација на италијанскиот весник „Тутоспорт“.
Минатата година, Јамал заврши на второто место, зад Џуд Белингам од Реал Мадрид, кој тогаш ја освои наградата.
Во 2024 година, 17-годишниот Јамал оствари значаен успех со освојување на Европското првенство со репрезентацијата на Шпанија, што дополнително ја зацврсти неговата позиција како фаворит за ова признание.
Јамал беше избран меѓу 25 номинирани играчи, меѓу кои се наоѓаа и Коби Мејно и Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед, Кенан Јилдиз и Самуел Мбангула од Јувентус, како и Ендрик и Арда Ѓулер од Реал Мадрид.
Lamine Yamal, protagonista di una stagione straordinaria tra Barcellona e Spagna, vince il Golden Boy 2024 🔥
— Tuttosport (@tuttosport) November 27, 2024
Yamal, nell'albo d'oro, succede a Jude Bellingham.
È proprio il caso di dire, "una stella dopo l'altra"…⭐😍#Tuttosport #GoldenBoy2024 #GoldenBoyAwards #LamineYamal pic.twitter.com/knTW6RpIfM
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski