Connect with us

Ламела ја „запали“ Атина, дојде да потпише за АЕК (ВИДЕО)

Голем број навивачи на АЕК Атина вечерва се собраа пред аеродромската зграда, со факели и песни, да го пречекаат големото засилување и големо фудбалско име Ерик Ламела.

Аргентинецот не е во „шпицот“ во кариерата, но, сепак, сѐ уште има што да понуди на фудбалски план. Грција му доаѓа како идеална станица во оваа фаза од кариерата.

Ламела пристигнува во клубот на покана на неговиот сонародник и пријател Матијас Алмеида, тренерот на АЕК. Ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, што е најголем договор во историјата на АЕК.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови