Connect with us

Лајпциг немаше милост за Гројтер (ВИДЕО)

Гројтер Фурт го налути Лајпциг со водечки гол и потоа загуби со 1-6 во последниот денешен дуел од Бундеслигата.

Џејми Левелинг во четвртата минута постигна погодок за водство на домаќинот, но само ги предизвика гостинските фудбалери. Андре Силва изранни, Форсберг се погрижи за пресврт, а до крајот на првото полувреме стрелаа и Лајмер и Хенрикс.

Во второто полувреме во листата на стрелците им се придружија и Симакан и Нкунку за конечни, 1-6.

По овој триумф, Лајпциг се искачи на четвртото место на табелата во Бундеслигата со 44 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови