
Мандатот на Чави Симонс во Пари Сен Жермен дефинитивно заврши, бидејќи Лајпциг, клубот во кој играше како позајмен фудбалер во последните година и пол, го откупи неговиот договор.
Одличниот офанзивен играч за врска во 2023 година потпиша четиригодишен договор со парискиот клуб, каде што ја започна својата професионална кариера во 2021 година.
Во сезоната меѓу двата престои во Париз, Симонс настапуваше за ПСВ, а потоа цела втора сезона ја помина во редовите на Лајпциг, кој сега го откупи неговиот договор за 50 милиони евра. Според „Билд“, ова е историски трансфер за клубот од источна Германија.
Лајпциг претходно го имаше најскапиот трансфер со доведувањето на Лоис Опенда од Ланс за 40 милиони евра, но сега Симонс стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Пред година и пол, ПСЖ плати шест милиони евра на ПСВ за да го врати Симонс во своите редови.
Во дресот на Лајпциг, Симонс постигна 15 гола на 60 натпревари.
Лајпциг оваа сезона не успеа да се пласира во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, а во Бундес-лигата се наоѓа на петтото место со 32 бодa.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Милан подготвува нов договор за Мајк Мењан

Евро-фудбал
Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
