
Пред официјалниот старт на подготовките за новата сезона Лабуништа се ослободи од дури десет фудбалери.
Тимот кој минатава сезона играше и бараж за влез во прволигашкото друштво, се раздели со Никола Миновски, Благојче Коњарски, Антонио Стојкоски, Методија Милески, Меритон Мерко, Мирослав Јованоски, Мугни Опре, Аздрен Мена, Ермир Мура, како и долгогодишниот капитен и чувар на мрежата Раиф Мисерловски-Љаче.
„ФК Лабуништа ви се заблагодарува за тоа што до сега бевте дел од нашиот тим. Со вашиот труд и ангажман дадовте голем придонес за најголемиот успех на клубот. Ви посакуваме многу среќа и успех понатамошната кариера“ – се вели во соопштението од клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
