
Македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да замине преку Атлантикот и после Трабзонспор да заигра во МЛС – лигата на САД. Како што откриваат турските медиуми, ЛА Галакси, тимот за кој своевремено играа Дејвид Бекам и Златан Ибрахимовиќ, а сега од најголемите ѕвезди е Хавиер Хернандез Чичарито, сака да го купи Барди.
Трабзонспор ќе го реконструира тимот откако не успеа да ја одбрани шампионската титула во Турција, а веќе подолг период се најавува можноста за разделба со Барди. Сепак, засега во клубот нема пристигнато официјална понуда ниту од ЛА Галакси.
Моментно во тимот на ЛА Галакси настапуваат Чичарито, Бразилецот Даглас Коста кој беше член на Јувентус, Мартин Касерес и Рики Пуиг, екс фудбалерот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski