Влијателниот француски весник „Л’Екип“ го објави најдобриот тим за минатата 2021 година. Во тимот го нема Аргентинецот од ПСЖ, Лионел Меси, добитникот на „Златната топка“ за 2021 година што ја доделува „Франс Фудбал“.
На неговата позиција е одличниот Мохамед Салах од Ливерпул. Во формацијата 4-4-2 го нема и Португалецот Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, ниту пак Килијан Мбапе од ПСЖ.
Во идеалниот состав на „Л’Екип“ нема место и за Џанлуиџи Донарума, официјално најдобриот светски голман. Предност доби Сенегалецот од Челси, Едуард Менди, кој ја освои Лигата на шампионите со клубот од „Стемфорд бриџ“.
Во најдобриот тим на „Л’Екип“ се наоѓаат: Менди (Челси), Александер Арнолд (Ливерпул), Дијас (Манчестер Сити), Хернандез (Милан), Канте (Челси), Жоргињо (Челси), Салах (Ливерпул), Де Бруин (Манчестер Сити), Левандовски (Баерн Минхен), Бензема (Реал Мадрид).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













