Connect with us

Кварацкелија сѐ поблиску до заминување од Наполи, сака да игра во Лигата на шампионите

Грузиецот Kвича Кварацкелија (23) заминува од Наполи. Неговиот менаџер Југели најави разделба со клубот.


„Наполи има големи планови со Антонио Конте. Сигурен сум дека следната сезона повторно ќе се квалификуваат во Лигата на шампионите и ќе се борат за „скудетото“. Но тоа не значи дека Кварацкелија сака да остане таму. Моментно, најважна му е репрезентацијата“, изјави агентот.

„Нашата цел е тим кој игра во Лигата на шампионите. Најлошото е што ако остане тука, Квича ќе загуби една година поради тоа. Загрижени сме“, изјави за „Спорт Имеди“.


На ова се надоврза и таткото на играчот, Бадри, кој рече дека не сака неговиот син да остане во Наполи.

„Минатата сезона работеше со четворица различни тренери. Тоа многу ме загрижува. Уште не сме разговарале за ова и нема да разговараме додека трае Европското првенство.“

Во меѓувреме се огласи и Наполи. Претседателот Аурелио де Лаурентис тврди дека грузискиот офанзивец не е на продажба и дека има договор уште три години. За одличниот играч заинтересиран е ПСЖ, кој е подготвен да понуди 80 милиони евра.

Кварацкелија минатата сезона во 45 настапи постигна 11 голови и имаше девет асистенции. Во Наполи пристигна пред две години од Динамо Батуми за 13,3 милиони евра. Ова лето настапува за Грузија на ЕВРО 2024.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови