
Трансферот на Kвича Кварацкелија од Наполи во Пари Сен Жермен е официјално потврден. Францускиот гигант објави дека го ангажираше грузискиот напаѓач, кој потпиша договор до 2029 година.
ПСЖ ќе плати околу 70 милиони евра на Наполи, без да ги вклучи дополнителните бонуси. Според информациите, во новиот клуб Кварацкелија ќе заработува 9 милиони евра годишно, плус 2 милиони во форма на бонуси, што е речиси десетпати поголема плата од таа што ја имаше во Неапол.
„Доаѓањето тука е исполнување на сонот. Сум слушал многу за Пари Сен Жермен. Чувствувам огромна радост што сум дел од овој голем клуб и со нетрпение го очекувам моментот кога ќе го облечам дресот“, изјави Кварацкелија.
„Среќни сме што Квича е дел од семејството на ПСЖ. Тој е еден од најталентираните играчи во светот, храбар е и секогаш игра со тимска мисла. Тој изрази голема желба да дојде кај нас. Со него нашиот тим станува уште посилен“, изјави претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи.
Кварацкелија е поранешен играч на клубовите Динамо Тбилиси, Рустави, Локомотив Москва, Рубин и Динамо Батуми. Наполи го доведе во 2022 година, а тој веднаш стана една од ѕвездите на тимот. Грузиецот одигра клучна улога во освојувањето на титулата во Серија А во сезоната 2022/23.
На почетокот на оваа сезона, 23-годишниот Кварацкелија забележа 19 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
