
Фeлипе Кутињо постигна договор и во следните шест месеци ќе игра како позајмен во Астон Вила, откриваат медиумите на Островот. Деталите се уште не се познати, но најважно за Барса е да се ослободи од поголемиот дел од платата на Кутињо. Бразилецот по заминувањата на Лео Меси и Антоан Гризман остана најплатен во тимот со дури 18 милиони годишно.
Се шпекулира дека Барса ќе мора да плати дел од неговата плата, Астон Вила не сакала да ја покрие целата, што е и очекувано, но каталонскиот клуб сигурно ќе може да го регистрира Феран Торес.
Кутињо во Барселона пристигна како мегазасилување и проектирана замена за Андрес Иниеста, пред точно четири години за 120 + 40 милиони евра. Бразилецот не ги исполни очекувањата, поради што по сезона ипол замина на позајмица во Баерн. Со баварците ги освои сите трофеи, но не блесна, па Баерн Минхен не ја искористи можноста да го откупи.
По враќањето во Барса, тој заработи тешка повреда, во декември 2020 година, поради што паузираше до почетокот на оваа сезона. Ниту оваа не одигра многу, беше дел од 16 натпревари, најчесто од клупата за резерви и постигна два гола.
Голема улога во преговорите имаше поранешниот соиграч на Кутињо, Стивен Џерард, кој беше негов капитен од 2013 до 2015 година. Џерард инсистираше на негово доаѓање во Астон Вила, а Кутињо и немаше многу избор иако за него постоеше интерес и од Арсенал и од Њукасл.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski