
Реал Мадрид потврди дека голманот на тимот, Тибо Куртоа, заработил повреда за време на синоќешното дерби против Атлетико Мадрид, кое заврши со резултат 1-1, и ќе отсуствува од терените одреден период.
„По направените денешни медицински испитувања на нашиот играч Тибо Куртоа од медицинскиот тим на Реал Мадрид, беше дијагностицирана повреда на адукторот на левата нога. Следи понатамошен развој“, соопштија од клубот.
Според првичните прогнози, се очекува Куртоа да биде надвор од игра околу 2-3 недели, поради што сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари оваа недела – гостувањето кај Лил во Лигата на шампионите и домашниот дуел против Вилјареал во Ла Лига. Потоа следува пауза за настапи на националните тимови, што би му овозможило време за целосно закрепнување.
Белгиецот заработи сериозна повреда пред една година, поради која пропушти речиси цела измината сезона.
Во текот на синоќешното дерби, Куртоа беше во центарот на вниманието поради провокации кон навивачите на неговиот поранешен клуб, Атлетико Мадрид, кои потоа го гаѓаа со разни предмети. Поради инцидентот, натпреварот беше прекинат околу 15 минути.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
