Connect with us

Куп: Воска даде 10 гола, Вардар на пенали ја елиминира Беса, поминаа и Шкупи, Брегалница, Работнички, Пелистер

Воска Спорт беше најубедлива и победи со 0-10 на гости против Карбинци во 1/16-финалето на Купот на Македонија. Шкупи му даде осум гола (0-8) на Коњаре, а Нилтињо сам беше стрелец на четири гола. Брегалница исто така постигна осум гола (0-8) против Новаци, а Иван Глигоров беше стрелец на хет-трик.


Вардар на пенали ја елиминира Беса (3-4), откако мечот во регуларниот тек заврши 1-1. Филип Гачевски одбрани два пенали и го одведе Вардар во следната рунда.

Илија Донов и Александар Ристевски беа стрелци на головите за Брера на гости против Кожуф (0-2).

Работнички во финишот го скрши отпорот на Тетекс и славеше со 0-3. Атдхе Мазари го отвори резултатот во 87.минута, Гандо Биала зголеми на 0-2 во 90.минута, а во судискорто продолжение стрелаше и Георг Стојановски.

Тиквеш го победи Арсими на гости со 1-2, а Пелистер со 0-4 го елиминира Велазерими.

На пенали и Башкими го елиминира Скопје (4-3), а нисколигашот Јанг Тим Струга ја елиминира Победа (4-3).

1/16-ФИНАЛЕ, КУП – РЕЗУЛТАТИ

БЕСА – ВАРДАР 3-4 пен (1-1)

КОЊАРЕ – ШКУПИ 0-8

ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-3

КОЖУФ – АП БРЕРА 0-2

ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР 0-4

АРСИМИ – ТИКВЕШ 1-2

БАШКИМИ – СКОПЈЕ 4-3 пен. (1-1)

БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР 0-3 пен. (0-0)

ЈАНГ ТИМ СТРУГА – ПОБЕДА 4-3 пен. (0-0)

КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ 0-10

НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА 0-8

ОХРИД – ДЕТОНИТ 2-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови