Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар успеа да го преживее Прилеп и по изведување пенали (5-6) славеше над домаќинот Победа во 1/16-финалето на Купот на Македонија. Голманот на Вардар, Филип Илиќ, во седмата серија го одбрани пеналот на Игор Момировски, откако претходно Филип Петковски погоди за Вардар. Претходно, и двете екипи имаа по еден нереализиран удар од белата точка.
Вардар поведе на стадионот „Гоце Делчев“ во 54.минута. Дејан Блажевски постигна фантастичен гол од слободен удар. Но, Победа успеа да израмни во судиското продолжение и го одведе куп-дуелот на пенали. Сепак, на крајот повторно се радуваа вардарци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













