
Струга Трим Лум го елиминира Работнички откако со пресврт победи со 2-1 и се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија. Крсте Велкоски од пенал ги доведе „романтичарите“ во водство во 14.минута, а во 70.минута пенал не реализира Бесарт Ибраими, но Работнички остана со играч помалку.
Во 76.минута Христијан Малески израмни, а Валентин Кочоски во 82.минута обезбеди пресврт и триумф за Струга Трим Лум. Во завршницата и Бошковски доби црвен картон за Работнички.
Шкендија го победи Скопје со 5-0. Аденис Шала го отвори резултатот, Влатко Стојановски од пенал зголеми на 2-0, а стрелаа и Љупчо Дориев, Решат Рамадани од пенал и Флорент Рамадани.
Академија Пандев беше уште поубедлива и со 9-0 го совлада Љуботен.
Вардарци со 4-0 беа поуспешни од Фортуна, а Шкупи со 6-0 ја победи Воска.
Фреди Алварез го постигна првиот гол, потоа двојни стрелци беа Сандеј Адетунџи и Ардит Насуми, а погоди и Хамиди.
Брегалница со прекрасниот гол на Ѓорѓи Ѓорѓиев во 64.минута, со ножички, успеа да го елиминира Пелистер совладувајќи го со 1-0, а Силекс со идентичен резултат славеше против Тиквеш во Кавадарци.
Последниот осминафинален меч меѓу Победа и Македонија ЃП ќе се одигра на 19 октомври.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
