Connect with us

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Шкендија се разигра, деби гол на Фелипе, лесни победи на Работнички, Шкупи, Струга ТЛ, Силекс, Борец…

Требаше да дојде второлигашот Гостивар за конечно Шкендија голгетерски да се расположи во новата сезона. Шампионот со 1-4 славеше во 1/16-финалниот натпревар од Купот на Македонија, за лесен пласман во осминафиналето. Без никакви проблеми место во осминафиналето обезбедија и Работнички, Шкупи, Силекс, Борец како и Струга Трим Лум.

Деби гол во дресот на Шкендија постигна Бразилецот Хуан Фелипе кој погоди за водство од 0-1 во првото полувреме.

Драган Стојков, пак, донесе водство од 0-1 за Работнички на гостувањето против Велазерими, а во второто полувреме погодија уште и Паповиќ во 53. минута, Фазлиу во 56. минута и Давид Тошевски во 84. минута.

Со 0-4 славеше и Борец на гостувањето против Превалец, како и Силекс против Фортуна. Шкупи со 1-5 го победи Тетекс на стадионот Чаир во Скопје.

Ренова се спасуваше дури по пеналите на гостувањето против второлигашот Кожуф во Гевгелија откако во регуларниот дел мечот заврши без победник, 3-3.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (1/16-финале)
Фортуна – Силекс 0-4
Кожуф – Ренова 3-3 (3-4 по пенали)
Кравари – Лабуништа 1-4
Локомотива – Струга ТЛ 1-5
Велазерими – Работнички 0-4
Превалец – Борец 0-4
Осогово – Победа 1-0
Охрид – Беласица 1-1 (4-3 по пенали)
Гостивар – Шкендија 1-4
Тетекс – Шкупи  1-5
Саса – Вардар (28. август)

ПРЕТХОДНО:
Кит Го – Пелистер 1-1 (4-5 на пенали)
Црнилиште – Брегалница 0-22
Љуботен – Тиквеш 1-5

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови