
Дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде, е оптимист во пресрет на претстојниот жесток дуел со Реал Мадрид. Според него, Ел Класико е најголемиот натпревар во светот на спортот.
Тој со нетрпение го очекува и личниот дуел со Винисиус Жуниор, кој според него е еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов.
„Винисиус е главниот кандидат за „Златната топка“ и еден од најдобрите играчи, но за мене тоа е предизвик. Поради вакви дуели го сакам фудбалот. Тој е веројатно најголемата закана, но противникот има и други одлични играчи. Тоа е тим полн со таленти, играчи кои можат сами да решат натпревари. Винисиус не е играч што можеш сам да го сопреш, особено за 90 минути. Тој не запира, и дефинитивно ќе има моменти кога ќе ми биде потребна помош“, изјави Кунде.
Одбранбениот фудбалер на каталонскиот тим зборуваше и за промените што ги донел во тимот новиот тренер Ханси Флик. Според него, тимот сега има поинтензивен и подиректен пристап во споредба со стилот на претходниот тренер Чави.
„Барселона секогаш играла со висока дефанзивна линија, но оваа сезона таа е уште понапред. Покрај тоа, притискаме многу повисоко. Ханси Флик има јасна филозофија, без разлика на противникот. Тој знае што сака, и мислам дека тимот тоа добро го разбира. Одличната работа на напаѓачите во пресингот, исто така, ни помага да создадеме повеќе шанси за голови и да ги држиме противниците под притисок. За да играме ваков тип на фудбал, потребно е да бидеме во најдобра форма, бидејќи се бара многу труд“, објасни Кунде.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
