
Барселона загуби уште еднаш убедливо во Лигата на шампионите. На гостувањето во Лисабон, каталонскиот тим е поразен со 3-0.
Поразителен факт е дека Барселона немаше удар во голот на Бенфика во текот на целиот натпревар. Екипата на Роналд Куман сега се наоѓа на последното место во групата Е без ниту еден бод и без погодок во првите две кола, со гол разлика 0-6.
Шпанските медиуми продолжија со повиците за разрешување на Роналд Куман, а се чини дека Холанѓанецот никогаш не бил поблиску до напуштање на клубот. Одлуката може да биде објавена уште во текот на денешниот ден.
„Примивме гол многу рано, реакцијата на тимот беше многу добра, но моравме да постигнеме гол за да ја стекнеме самодовербата и да го свртиме натпреварот. Според мое мислење, игравме подобро, бевме подобра екипа, имавме добри шанси за гол. Го пропуштивме она што го имаше Бенфика “, рече Куман по натпреварот.
Се чини дека Куман сепак има „розови очила“.
„Не можеме само да го гледаме резултатот. Сите знаат дека менуваме многу работи во клубот, тимот има проблеми и тоа се виде уште еднаш. Бевме многу добри 60 минути. Ефикасноста на Бенфика направи разлика. Лесно е да се зборува за натпреварот што го загубивме, но јас гледам и други работи. Треба подобро да се браниме. Вистина е дека постојат тимови кои се физички подобри и можеби тоа е проблемот зошто ние играме премногу нежно“, дополни Куман

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
