
Роналд Куман би можел да се врати на клупата на Холандија. Холандските медиуми открија дека Куман е првиот кандидат да го замени Луј ван Гал по Светското првенство во Катар.
Ван Гал се врати од пензија за да и помогне на својата репрезентација, но тој има договор до крајот на оваа година.
Извесно е дека Ван Гал нема да остане, па Куман би можел да се врати и да продолжи таму каде што застана летото 2020 година, кога не можеше да и каже „не“ на Барселона.
„На луѓето во федерацијата им кажав дека Куман треба повторно да биде селектор и тоа не е толку тешка одлука. Пред една година бев единствениот тренер со потребното искуство, сега тоа е Куман“, изјави Ван Гал.
Куман си замина од Холандија, бидејќи по третпат не можеше да ја одбие својата Барселона, иако на тој начин ја остави селекцијата без селектор пред Европското првенство.
Де Бур ја презеде неговата селекција и уништи речиси се. Наместо традиционалната „Кројф формација“ 4-3-3, Де Бур инсистираше на 3-5-2, а тоа го чинеше и срам на ЕП и отказ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Женски фудбал
Фаворитите славеа во воведното коло од Прва ЖФЛ

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
