
Раководството на Барселона сè уште не одлучило околу евентуалниот отказ на тренерот Роналд Куман, објавија голем број медиуми во Шпанија. Според нив, не треба да се очекува итна смена на холандскиот фудбалски стратег и покрај синоќешниот убедлив пораз од Бенфика во Лигата на шампионите. Каталонците загубија со 3-0 и запишаа втор убедлив пораз по две рунди во ЛШ.
Куман најверојатно ќе продолжи да работи до крајот на неделата. Во сабота Барселона на домашен терен ќе игра против Атлетико Мадрид. По оваа средба, одлуката околу тренерската позиција ќе биде донесена за време на репрезентативната пауза.
Барселона ги загуби двата први натпревари во Лигата на шампионите и е последнопласирана во групата Е без освоен бод. Лидер е Баерн Минхен со шест бода, Бенфика има четири, Динамо Киев е третопласиран со еден освоен бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
