Connect with us

Куман: Никој не очекуваше дека ќе стигнеме до тука, има уште два меча до трофејот

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, изјави дека е многу горд со победата над Турција и пласманот во полуфиналето на ЕВРО 2024.

„Се претставивме одлично. Ако Мемфис Депај постигнеше гол уште во првата минута, сè ќе беше поинаку. Турците постепено почнаа подобро да се бранат. Ние продолживме да бидеме активни, но ни стана потешко да пробиваме. Тие го почувствуваа тоа и ja презедоа надмоќта“, сподели селекторот на „лалињата“.

„Се изненадив во ситуацијата пред израмнувачкиот гол, кога Дензел Дамфрис ја остави топката да излезе во корнер. Си помислив: ‘Што прави тој?’ Но, вистината е дека ако имавме повеќе играчи со срцето на Дензел, ќе бевме уште подобри. На крајот победивме со малку среќа. Често нè критикуваат дека не покажуваме карактер, но сега навистина не се предадовме до последно“, истакна Куман.

„Полуфиналето со Англија? Тие располагаат со многу добри фудбалери, но истото важи и за нас. Дортмунд е поблиску до Холандија, можеби и тоа ќе има значење. Никој не очекуваше од нас да стигнеме до тука. Сè уште не сме се сретнале со најсилните, но се надевам дека ни претстојат два натпревари до крајот на турнирот“, посака холандскиот селектор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови