Шест кола пред крајот на Ла Лига Барселона зависеше од самата себе. Со низа добри резултати и откако го искористи грешките на Атлетико Мадрид, каталонскиот тим дојде до позиција да освои уште една титула во Ла Лига ако има максимален ефект на преостанатите натпревари.
Но, оттогаш, на пет натпревари што следеа Барселона победи само еднаш и пред последното коло се наоѓа на третото место со седум бода помалку од водечкиот Атлетико Мадрид.
Бидејќи оваа сезона е освоен само еден трофеј, Купот на Шпанија, јасно е дека сезоната за таков гигант е неуспешна. Тренерот Роналд Куман би можел да плати за тоа со своето работно место.
„Навистина не знам дали ќе останам тренер на Барселона. Се договоривме да разговараме на крајот на сезоната. Би сакал да останам до крајот на договорот. Постојат некои работи што треба да се променат и кои успеавме да ги поправиме уште во првата сезона, но претседателот на клубот е тој што ќе одлучи за сè“, изјави Роналд Куман, кој има договор со клубот и за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













