Тренерот на Барселона, Роналд Куман, не сака да го коментира својот статус на клупата на каталонците и посочува дека во наредните денови треба да разговара со претседателот Хоан Лапорта.
Неговиот понатамошен престој во Барса е под големо прашање. Последното реми со Кадиз (0-0) дополнително ги подгреа приказните за заминување. Се верува дека натпреварот, во кој Холанѓанецот беше и исклучен во судиското продолжение, може да биде последен за Куман.
„Не сакам да го анализирам мојот статус. Сакам да зборувам за тимот, за одличното однесување на фудбалерите и за посветеноста. Што се однесува до мојата иднина, го видов претседателот и се поздравив со него пред малку. Најверојатно ќе разговараме во наредните денови, ако сака воопшто да разговара“, истакна Куман по натпреварот во Кадиз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













