Connect with us

Куман: Морав да се согласам за заминувањето на Гризман

Барселона го испрати Антоан Гризман во Атлетико Мадрид во последните моменти од летниот преоден рок, и го донесе Лук де Јонг од Севилја како замена за францускиот напаѓач. Роналд Куман знае дека тоа не е којзнае каква зделка, но приоритет имаат финансиските детали во моментот на „Камп Ноу“.


„Едвај имавме време да најдеме замена за Гризман. Беше ср*ње, но знаев дека заминувањето на Гризман ќе ја подобри финансиската состојба на клубот и затоа се согласив на трансферот”, изјави тренерот на Барселона, Роналд Куман, за лудилото во последниот ден од преодниот рок.

Гризман е позајмен во Атлетико за 10 милиони евра, и доколку одигра најмалку 50 проценти од натпреварите, мадридскиот клуб ќе мора да го откупи неговиот договор за уште 40 милиони евра, трипати помалку отколку што го продаде на Барселона пред две години.

Претходно, Лионел Меси ја напушти Барселона како слободен играч.

„Неговото заминување беше многу голем удар бидејќи сите наши планови беа врзани за него, а тој се уште беше многу мотивиран и добро подготвен. Го загубивме не само Лео, туку и симболот на клубот”, изјави Куман и најави дека сега ќе им дава можност на помладите фудбалери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови