Connect with us

Куман има две желби во ПСЖ

Каталонскиот гигант Барселона е во тешка финансиска криза, но тоа не значи дека тренерот Роналд Куман не размислува за нови засилувања. Не успеа да го доведе Мемфис Депај, затоа што Осман Дембеле остана на „Камп Ноу“ и не беше продаден, но холандскиот стратег веќе почна да размислува за следната сезона. 

Тој има две големи желби во редовите на Пари Сен Жермен. Куман сака да ја засили левата страна од тимот на Барселона со Анхел ди Марија и со Хуан Бернат. Планот е овие двајца фудбалери да се ангажираат следното лето кога ќе им истечат договорите со ПСЖ. За разлика од неговите претходници, Куман инсистира да бидат доведени квалитетни, но и искусни фудбалери кои веднаш ќе можат да одговорат на предизвиците што ги носи настапот во Барселона. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови