Селекторот на Холандија, Роналд Куман, тврди дека неговата селекција е еден од фаворитите за титулата на ЕВРО 2024.
Куман, кој како играч беше шампион на Европското првенство во 1988 година, верува дека годинашниот турнир е иззамнет и дека неговата селекција е меѓу конкурентите.
„Според мене, нема голем фаворит, можеби францускиот тим е малку подобар од останатите затоа што имаат големо искуство и веќе имаат освоено големи турнири. Но, мислам дека тоа ќе биде отворена битка меѓу различни нации – и една од нив е Холандија“, изјави Роналд Куман.
Селекторот на „лалињата“ има сомнеж и околу повредите на дел од полските репрезентативци.
„Сè уште очекувам да играат со двајца напаѓачи и ги анализиравме сите нивни играчи. Ги знаеме нивните напаѓачи и што можат да донесат. Секогаш е важно да започнете добро во првиот натпревар и да победите. Ако можете да го направите тоа на начин што сте го планирале, тогаш е уште подобро, многу е важно да се постигне добар резултат“, потенцираше Куман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













