Connect with us

Куман: Горд сум на фудбалерите, оваа Барса има победнички менталитет

Барселона се извлече од амбисот и ја победи Севилја со 3-0 на „Камп Ноу“, по продолженија ја анулира негативата од првиот меч и се пласира во финалето на Купот на Шпанија. Ова можеби е и пресвртен момент во сезоната за каталонскиот гигант, а тренерот Роналд Куман истакна дека е горд на тимот. 

„Морам да истакнам дека сум неверојатно горд на фудбалерите. Среќни сме што успеавме да оствариме пласман во финалето на Купот, уште повеќе на начинот на кој тоа го направивме. Се боревме до самиот крај и го заслуживме вториот гол што го постигна Пике. Оваа Барселона покажа дека има победнички карактер. Тоа постојано им го велев на момците и некако успеав да им го всадам, дека тие се родени победници и тоа ќе излезе од нив кога ќе биде најпотребно. Сега треба да продолжиме со добри игри и во останатите натпреварувања затоа што сезоната е неверојатно исцрпувачка“, изјави Роналд Куман. 

Барселона е во трка и за шампионската титула во Ла Лига иако во моментот заостанува зад Атлетико Мадрид. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови