Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман, го поддржа својот наследник и актуелен ментор на каталонскиот гигант Чави Хернандез, кој неодамна објави дека ќе се повлече на крајот од сезоната.
Чави претходно коментираше дека неговата работа во Барселона била брутална и непријатна, а Куман откри дека работата во шпанскиот тим оставила негативен впечаток и на него.
„Да се биде тренер на Барселона е напад на вашето ментално здравје. Многу е позабавно да се биде играч на Барселона отколку тренер, а Чави, како дете на клубот, секако тоа добро го забележал“, изјави Роналд Куман, цитиран од шпанскиот весник „АС“.
За време на неговиот престој со Каталонците, Куман имаше и срцеви проблеми и накратко беше хоспитализиран.
„Тоа е најтешкото нешто што сум го направил. Страдав од напнатост и стресот, а за разлика од Чави имав конфликт и со Жоан Лапорта. Чави дојде од Катар и ја презеде Барселона. Тој не беше навикнат на негативниот однос од медиумите и добиваше само пофалби. Но, во Каталонија печатот ви вперува пиштол. Ако работите не одат добро, виновен е тренерот“, додаде Куман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal