Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски, на 37-годишна возраст, стави точка на својата фудбалска кариера, но не и на врската со спортот кој му донесе толку многу. Наместо на теренот, Велкоски ќе делува зад сцената – и тоа на добро познато место.
ФК Сараево, клубот каде што остави длабока трага и го мина најуспешниот дел од својата кариера, му довери нова улога – технички директор. Велкоски се враќа во босанскиот гигант со задача да биде мост меѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим и младинската академија.
Во новата функција ќе биде задолжен за развојот на долгорочна спортска стратегија, унапредување на комуникацијата во рамки на клубот и олеснување на интеграцијата на новите фудбалери во тимот и градот. Со своето искуство, но и емоционалната поврзаност со клубот и навивачите, Велкоски е логичен избор за улогата што бара посветеност, визија и страст кон фудбалот.
По успешниот петгодишен престој во дресот на Сараево (2017–2022), Велкоски кариерата ја продолжи во Македонија, каде играше за Работнички и Македонија ЃП. Сега, одново е дел од тимот што му донесе најмногу успеси – само во ново поглавје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













