Connect with us

Крсте Велкоски останува во Работнички: Можеме многу во новата сезона, клубот има шампионски гени

Работнички не се шегува во пресрет на новата сезона. Откако ангажираше неколку квалитетни засилувања во изминатиот период, денеска „двоен удар“ во Дебар Маало.

Пристигна репрезентативецот Томче Гроздановски, а нов едногодишен договор потпиша и капитенот Крсте Велкоски.

„Најубаво е дома. Со Работнички се разбираме со поглед и драго ми е што во пресрет на новата сезона хоризонтот пред нас е сѐ поширок. Верувам дека заедно со момците можеме многу во новиот шампионат, а Работнички секако во себе има шампионски гени“, изјави капитенот Крсте Велкоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови