
Стефан Ристовски e нов член на босанскиот култен клуб Сараево. Искусниот десен бек пристигна во главниот град на Босна и Херцеговина од редовите на Динамо Загреб, каде што ја носеше капитенската лента и беше еден од клучните играчи.
Ристовски потпиша договор со Сараево до 2027 година, со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона. Овој потег се смета за големо засилување за тимот, кој добива фудбалер со огромно искуство, лидерски квалитети и победнички менталитет.
Ристовски позираше со дресот на новиот клуб, а до него беше и неговиот поранешен репрезентативен соиграч Крсте Велкоски, кој од ова лето има директорска улога во Сараево.
Во текот на својата кариера, 32-годишниот Ристовски освои вкупно 13 трофеи играјќи за Динамо Загреб и Спортинг Лисабон, а зад себе има и 81 настап за македонската репрезентација, со што се вбројува меѓу најдобрите македонски фудбалери во последната деценија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
