
Реал Мадрид ремизираше без голови на гостувањето против Осасуна, тренерот Зинедин Зидан обвини дека мечот не требало ниту да се одигра поради замрзнатиот терен, а германската машина Тони Крос сепак вели дека вината лежи во слабото издание на „кралевите“. Играчот за врска синоќа го одигра мечот број 300 во дресот на Реал.
„Создадовме неколку шанси, но со оглед на квалитетот на нашиот тим, мораме да создадеме и многу повеќе. Теренот беше тежок, а и знаевме дека Осасуна ќе се брани во текот на целиот меч. Но, замрзнатиот терен не смее да биде оправдување за нашата лоша игра. Теренот беше ист и за двете екипи. Моравме подобро и моравме да победиме. Секое вакво реми не оддалечува од врвот, а ние сакаме да сме на првото место“, изјави Тони Крос.
Реал Мадрид со 37 бода е на втората позиција, со еден бод заостанување зад Атлетико Мадрид кој има одиграно дури три натпревари помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski