
Тони Крос го одигра својот последен натпревар во Мадрид. Германската икона на Реал доби овации од „Сантијаго Бернабеу“ во емотивна вечер од последното коло во шпанското првенство.
Реал одигра 0-0 против Бетис, но тоа на крајот беше најмалку важно.
Брилијантниот играч за врска мина низ шпалирот што го направија соиграчите, но и противничките фудбалери, пред почетокот на натпреварот, ја погледна кореографијата што ја подготвија навивачите за неговото збогување, одигра до 86. минута, му ја предаде капитенската лента на Лука Модриќ и се упати кон клупата за резерви.
Ќе биде забележано дека од 2014 година до вчера одигра 464 натпревари за Реал, постигна 28 гола и асистираше за уште 98, а со клубот освои 22 трофеи.
I'll never recover 🥹💔pic.twitter.com/0gEIh0XcEi
— Ele (@EleModric) May 25, 2024
По натпреварот и самиот призна дека добро се справувал со емоциите во тие моменти, а потоа откри што го расплакало.
„Бев доста силен. Сѐ додека не ги видов моите деца. Тоа ме победи“, призна инаку “ладниот” Германец по испраќањето од теренот, за кое „марка“ пишува дека било досега најголемо за еден играч на Реал.
„Тој беше убав како неговата кариера, возбудлив како неговиот фудбал и огромен како неговата легенда“, напиша „Марка“.
Se fizerem um documentário sobre a carreira do Toni Kroos, tem que terminar assim
— Sala12 (@OficialSala12) May 25, 2024
pic.twitter.com/vd0JD6na3O

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
